Производи кои го елиминираат апетитот

Од:

Познато е дека која било диета да ја спроведете за да се ослободите од вишокот килограми, морате да се соочите со глад и копнеж за јадење.

Постојат многу стратегии кои што помагаат да се намали чувството на глад, како што е пиењето многу течности, консумирање повеќе производи богати со растителни влакна, избегнување рафинирани јаглехидрати, сепак, не постои ништо што апсолутно може да го отстрани чувството за глад.

Чувството за глад од време на време е нормален одговор на намалениот внес на калории, а незгодата лежи во тоа што многу луѓе не можат да одолеат на тоа чувство, не сфаќајќи дека овој сигнал на глад најчесто е лажен и дека преку него телото само сигнализира дека нема доволно калории. Сепак, таквото чувство на глад може да се победи со производи за „итно гасење“ на апетитот, односно да добиете чувство дека вашиот стомак е полн со калорична храна, а во суштина овие продукти не содржат многу калории.

Вода – доколку испиете една чаша вода и дисциплинирано почекате 10 минути, ќе почувствувате дека чувството на глад целосно исчезнал или драстично се намалило.

Друга стратегија е да консумирате зелен зеленчук, како што се блитва, зелка, кељ и брокули. Салатите од зелен лиснат зеленчук имаат малку калории, што не е потребно да ги пресметувате, така што можете да ги консумирате во неограничени количини.

Кога ќе почувствувате глад јадете јаболка. Во моментите кога ќе почувствувате глад најлесно е да посегнете по кеса со чипс или некои други грицки, преку кои ќе внесете 1.000 калории што е речиси половина од вашите дневни калориски потреби. Јаболката го стопираат гладот, затоа што се богати со растителни влакна што го полнат стомакот и многу брзо дејствуваат на состојбата на хормоните кои што го контролираат апетитот пред да се прејадете.

Бананите, пред се, содржат материи кои што го регулираат варењето.

Сепак, за разлика од останатите состојки кои, исто така, ги содржат муслите и оревите, бананите се одликуваат со ниско ниво на масти – во 100 грама банани има 0,5 отсто маснотии, што е за 80 пати помалку од процентот на маснотии во просечен хамбургер. Бананите моментно создаваат чувство на заситеност, па затоа се идеални при држење диета (просечна банана содржи 90 калории).

Предноста на житарките се состои во баластите состојки и бета-глутенот, кои ги има во овесот и јачменот, а кои влијаат за намалување на холестеролот. Повеќе количини на диеталните влакна содржи и лененото семе. Тоа содржи голема количина пентоза, која покрај поволното дејствување на органите за варење, има и лаксативно дејство.

Растворливите диетални влакна дејствуваат на одржување на нивото на шеќерот во крвта и на намалувањето на вредноста на холестеролот. Протеините од сојата можат да се користат во пекарските производи заради намалување на маснотиите и за зголемување на протеини.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска

ОН: Дебелината се заканува да биде нова глобална пандемија во светот

А1он