ОН: Дебелината се заканува да биде нова глобална пандемија во светот

Од:

Милиони луѓе го губат пристапот до здрава храна, што го влошува проблемот со дебелината низ целиот свет и може да предизвика нова глобална пандемија, пренесува Блумберг.

Според проценките на ООН, повеќе од 130 милиони луѓе ќе се соочат со глад до крајот на оваа година, но дебелината претставува многу посериозна закана во развиените земји. За време на пандемијата на коронавирусот, луѓето ширум светот беа лишени од приходи, принудувајќи ги да заштедат на храна избирајќи нездрава, особено брза храна.

Во моментов, бројот на луѓе со прекумерна тежина е многу пати поголем од бројот на гладни, што е особено забележливо во развиените земји. Така, две третини од Британците во моментов се со прекумерна тежина или дебели. Како резултат, секој седми смртен случај во земјата е предизвикан од нездраво јадење, што постојано ги зголемува медицинските трошоци. Луѓето со прекумерна тежина се повеќе склони кон дијабетес, кардиоваскуларни болести и канцер.

Во моментов, според проценките на ОН, три милијарди луѓе во светот не можат да си дозволат здрава храна, што создава предуслови за прекумерна тежина. Тоа може да се дефинира како нова пандемија.

Ако не се преземе нешто, прекумерната тежина и здравствените проблеми што ќе произлезат ќе ги зголемат глобалните здравствени трошоци за 1,3 трилиони долари годишно во следната деценија.

Би можело да ве интересира

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа

Обединетите нации нема да учествуваат во присилното раселување на Палестинците

Катерина Ѓуровски

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Меѓународниот суд на правдата ќе донесе важна одлука за Украина и Русија

Советот за безбедност на ОН денеска повторно ќе се обиде да гласа за Газа