Продуцентот Харви Вајнстин прогласен за виновен за силување и сексуално вознемирување

Од:

Американскиот процудент Харви Вајнстин денеска во суд во Њујорк е прогласен за виновен за силување и за сексуално вознемирување.

Вајнстин е прогласен за виновен за сторено сексуално кривично дело врз една жена и за силување друга жена.

Поротата во судот во Њујорк, сепак, го ослободи од натамошно гонење овој осрамотен холивудски продуцент за многу посериозните обвинувања за сексуален напад врз две жени, Миријам Хејли и Џесика Ман. Имено, за овие обвинувања тој можеше да добие казна доживотен затвор.

Но, поротниците соопштија дека без сомнение утврдиле дека Вајнстин, исто така, ја силувал Анабела Скиора, уште една жртва чие сведочење обвинителите го користеа во обидот да утврдат дали има вина кај продуцентот.

Би можело да ве интересира

Документи за Епстин: „Принцот Ендру добиваше секојдневни масажи“

Харви Вајнстин прогласен за виновен и на второто судење за силување

ВИДЕО: На Вајнстин сепак ќе му се суди за силување во Лос Анџелес

Ана Ололовска

ВИДЕО: Вајнстин се изјасни за невин за силувањата во Лос Анџелес

Ана Ололовска

На Вајнштајн одземено британското признание за придонес во филмската индустрија

Ана Ололовска

Жртвите на Вајнстин ќе добијат приближно 19 милиони долари

Ана Ололовска