Продолжуваат обвинувањата за сексуално вознемирување во Холивуд, овој пат обвинет Дастин Хофман

Од:

Писателката Ана Грам Хантер го обвини глумецот Дастин Хофман дека сексуално ја вознемирувал за време на снимањето на серијата „Смртта на еден продавач“ во 1985 година, кога таа имала 17 години.

– Побара да му ги масирам нозете на мојот прв ден и му ги измасирав, пишува Хантер во Холивуд Репортер.

– Отворено флертуваше со мене, ме фаќаше за задникот, зборуваше за секс со мене и пред мене. Едно утро кога отидов кај него за да земам нарачка за доручек, ме погледна и се насмевна. Потоа рече: „Сакам цврсто варено јајце… и меко варен клиторис“, се сеќава Хантер која тогаш работела како практикант.

Таа тврди дека тогаш го пријавила тоа однесување на супервизорот кој што ѝ предложил да жртвува дел од своите вредности за продукцијата.

– Сега кога имам 49 години сфаќам дека однесувањето на Хофман е слично како тоа што го почувствувале многу жени во Холивуд и низ светот. Тој беше предатор, јас бев дете и тоа беше сексуално вознемирување, пишува Хантер.

Хофман одговори на обвинувањата со извинување и кажа дека тој ги почитува жените и дека се кае доколку направил нешто што ја ставило Хантер во незгодна ситуација.

– Жал ми е. Тоа не е рефлекција на мојот карактер, вели Хофман во своето извинување.

Ова обвинување за сексуално вознемирување доаѓа по серијата такви изнесени во јавноста против холивудски ѕвезди и продуценти. Се започна со обвинувањата за Харви Вајнстајн, па продолжи со Џејмс Тобак и Кевин Спејси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Свршеницата го разоткри Калкин: „Не знае да вози, никогаш не праел алишта…

Предраг Петровиќ

Детал кој менува сè: Што ќе се случи со богатството на Џин Хекман од 90 милиони долари

Предраг Петровиќ

Администрацијата на Трамп ја забрани мојата прва книга, вели холивудската актерка Џулијана Мур

А1он

Џејми Ли Кертис: Можеби домот ми гори, моето семејство е безбедно, многу пријатели ќе ги загубат домовите

А1он

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ