Присуството на мажот на породувањето ја зголемува болката кај родилката

Од:

Нема сомнение дека донесувањето дете на овој свет е искуство, кое луѓето засекогаш ги менува, но едно поново истражување покажува дека некои татковци навистина не би требало да присуствуваа на породувањето.

Лондонскиот универзитет Кингс Колеџ и Хертфордшир спроведоа истражување, според кое жените кои не се доволно блиски со своите мажи трпат поголема болка, кога тие се присутни за време на породувањето.

Присуството на мажот за време на породувањето стана популарно во ’70-те години од минатиот век, а претходните истражувања тврдеа дека на жената и требаат помалку средства против болка, доколку мажите им биле присутни на породувањето.

Новото истражување покажа дека болката е обратно пропорционална со блискоста, која жените ја чувствуаат кон мажите.

За време не експериментот жените примале средно силни ласерски удари во еден од прстите, по што морале да дадат оценка на болката. Научниците исто така ја измериле активноста на мозокот при секој удар. Освен прашањето за јачината на болката, жените пополниле и прашалник за своите чувства кон партнерот.

Жените кои не биле многу блиски со партнерите, чувствувале поголема болка. Жениете, кои чувстувале блискост со партнерите немале никакви промени во јачината на болката, ниту позитивни, ниту негативни.

Францускиот акушер Мишел Одент тврди дека татковците на породување се одговорни за зголемувањето на бројот на породувањата со царки рез, бидејќи жените се под поголем притисок кога тие се во близина, што го намалува производството на хормоните, кои го олеснуваат породувањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска