Пристигна најновата едукативна игра за деца „Ристина и Шарко“

Од:

Изработена е едукативната игра „Ристина и Шарко“, чија главна цел е да го промовира и олеснува учењето и зачувувањето на македонскиот јазик кај младата популација преку сет на едукативни игри со различни нивоа на тежина. Преку играта, децата ги учат буквите и некои од основните поими и зборови од македонскиот јазик.

– Играта е целосно изработена на македонски јазик и е прилагодена за деца почнувајќи од претшколска возраст. Дополнително, буквите и поимите кои се споменуваат во игрите се исто така поддржани со аудио материјал, на пример ако детето избере одредена буква или слика ќе чуе како се изговара буквата или поимот на сликата. Ова значително придонесува за вежбање на изговорот на букви и зборови од македонскиот јазик, наведоа од Агенцијата за иселеништво.

Исто така, како што се посочува во соопштението, самите главни ликови Ристина (рис) и Шарко (куче-шарпланинец), како симболи на нашата држава, македонскиот јазик и култура, дополнително влијаат врз поттикнување на љубопитноста и желбата за осознавање кај децата.

– „Ристина и Шарко“ се состои од пет типа на игри кои ќе го поттикнат когнитивниот и моторен развој на децата преку учење или усовршување на македонскиот јазик низ забава. Овие типови на игри се поделени во четири категории, секоја со повисоко ниво на тежина во поимите и буквите од претходната. Во секоја од нив поимите кои се спомнуваат се секојдневни и едноставни за полесно совладување на јазикот од страна на децата, образложија од Агенцијата за иселеништво.

„Ристина и Шарко“ моментално е достапна на сите Андроид смартфони и таблети со симнување од следниот линк: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.codewell.mk.ristinaisharko.

Би можело да ве интересира

„ФИФА 22“ ќе понуди и „фудбал-тенис“

Ана Ололовска

Истражување: Жените се повеќе време посветуваат на видеоигрите

Ана Ололовска

Осум милиони Романци редовно играат видеоигри

Ана Ололовска

УМПАКИ со повик за млади лица од 10 до 18 години за изработка на концепт за видео игра

Ана Ололовска

Македонска е-спорт екипа со шампионско место во „League of Legends“ и вице шампионско во „Counter Strike: Global Offensive“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Сони го претстави новиот „PlayStation 5“

А1он