Антиоксидансите се хемикалии кои природно се наоѓаат во исхраната. Помагаат во борбата против потенцијално штетните нестабилни материи познати како слободни радикали. Слободните радикали се хемикалии кои се создаваат во телото за време на вообичаените метаболички процеси и за време на трошењето на клетките во телото.
Инфекциите, УВ зрачењето, чадот од цигарите, загадувањето, па дури и вежбањето можат да произведат слободни радикали.
Антиоксидансите ги спасуваат здравите клетки со бришење на некои слободни радикали кои во спротивност би ги оштетиле, а на тој начин помагаат во намалување на нивното опасно делување. Нашите тела произведуваат сопствени антиоксиданси, но исто така користат и антиоксиданси од храната која ја јадеме.
Истражувањата ја докажале ефикасноста на земање храна богата со антиоксиданси, која, заедно со активен, урамнотежен стил на живот, може да помогне во намалување на ризикот од одредени видови рак и болести на срцето.
Која храна содржи антиоксиданси?
– Овошје – боровница, капини, малини, праски, манго и црно грозје.
– Зеленчук – брокули, спанаќ, домат, морков и пиперка
– Грав и соја
– Јаткасти плодови – ореви, фстаци и лешници.
– Напитоци – Кафе (инстант и варено), чај (особено зелениот) и црното вино.
– Црно чоколадо.
Индустриски обработената храна содржи помалку антиоксиданси. Поради намалена конзумација на свежо овошје и зеленчук од контролирано потекло, најпосле доаѓа до намалено внесување на овие споеви преку храната, па е потребно дополнително да се внесуваат преку додаток во исхраната.
Нивното внесување е потребно да се зголеми и кај патолошки состојби, зголемено загадување од околината и нередовна и неквалитетна исхрана.
Поради стареење на организмот, доаѓа и до намалување на способноста на синтеза на ендогени антиоксиданси. Со тоа надворешните штетни фактори ја зголемуваат количината на слободните радикали.