Иако сеуште не се потврдени шпекулациите дека сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, чека бебе, двојката веќе го доби првиот подарок за бебето.
За време на посетата на Кембриџ, принцот Вилијам разговараше со жителите на овој универзитетски град, каде што еден човек му пријде и посака да му даде подарок.
Според пишувањето на Daily Mail, принцот го прифатил подарокот, која се состоеше од бенкица, со коментар „ќе го зачувам ова за подоцна“.
Кралската палата засега молчи за евентуалната бременост на Кејт Мидлтон.
Гласините, сепак, на големо кружат дека Војвотката од Кембриџ е бремена и дека таа и Вилијам ќе ја објават радосната вест наскоро.