Утре е посебен ден за принцот Вилијам. Не само што го слави својот 38 роденден оваа недела, туку го слави и Денот на таткото заедно со мајката на неговите деца, Кејт Мидлтон.
Пред неговиот роденден, војводата и војвотката од Кембриџ споделија специјална семејна фотографија на Инстаграм, на која се гледа принцот Вилијам со своите три деца: принцот Џорџ (6), принцезата Шарлот (5) и принцот Луис (2). Слатката фотографија ја направи самата Кејт.
„Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство споделуваат нова слика на Војводата со принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис пред роденденот на војводата,“ стои во описот на објавата на Инстаграм. „Фотографијата е направена на почетокот на овој месец од војвотката“.
Гордиот татко е сликан како седи на лулашка со најмалиот син во скут, а двете постари деца стојат покрај него, насмеани и среќни.