Бурата по лудата ноќ во Лас Вегас на британскиот принц Хари не престанува, а Хари стравува дека во јавноста може да се појават пошокантни фотографии.
Пред заминувањето во Лас Вегас принцот со истото друштво бил на островот Некер, сопственост на Речард Бренсон во архипелагот на Девствените острови, каде лудувале далеку повеќе отколку во хотелот од каде што излегоа фотографиите.
По објавените фотографии принцот го остави и неговата девојка, англиска манекенка која била со него на Девставените острови, но не и во хотелот на Лас Вегас. Кралскиот двор е во потрага во девојката од фотографиите и трага по нејзиниот идентитет.