Иако фотографиите од голиот принц предизвикаа скандал ширум светот, се чини дека на Британците тоа воопшто не им пречи.
Во анкетата на „The Sunday Times“ дури 68% од испитаниците сметаат дека неговото однесување е сосем прифатливо за младо момче. Повеќе од 70% од анкетираните се уште имаат позитивно мислење за принцот.
61% од испитаниците сметаат дека британскиот таблоид „The Sun“ не требало да ги објави голите слики од Хари.
Дека Принцот има голема поддршка, се покажа и на социјалните мрежи. Групата на Facebook, „Support Prince Harry with a naked salute“, брои повеќе од 12 илјади членови, а интернетот е преплавен со фотографии од голи Британци.