Стив Хириш од продукциската куќа “Vivid Entertaniment” му понуди на принцот Хари главна улога за филмот за возрасни “The Trouble With Harry”, откако беа објавени неговите разголени фотографии од Лас Вегас.
„Ветуваме дека сцените за сексот ќе бидат добро напишани, а вашиот „кралски дијамант“ нема да биде прикажан како мал, во било кој поглед“, напиша Стив Хириш во понудата за порно филмот.
Британскиот принц предизвика виситински медиумски скандал откако беа објавени фотографиите на кои е гол заедно со друштво во неговата хотелска соба во Лас Вегас.
Медиумите пренесоа дека Хари се кае што го посрамотил кралското семејство, и дека се извинува на сите роднини ширум светот. Укор добил од кралицата и од Принцот Чарлс кои го потсетиле на неговите обврски како член на кралското семејство.