Приказна за сендвичот

Од:

Верувате ли дека Американците јадат повеќе од 300 милиони сендвичи на ден? Точно е, секој ден конзумираме онолку сендвичи колку што постојат луѓе за да ги изедат. А зошто и да не? Сендвичот може да биде совршен оброк: пренослив е, отворен за секакви комбинации, или сосема едноставен или онолку комплициран колку што расположението тоа ни го дозволува. Сендвичот има долга историја, но не бил отсекогаш толку прифатен во Америка колку што е денес. Тешко е да се замисли, но сендвичот некогаш се сметал за симбол на колонијалното минато, кое повеќето патриотски настроени Американци сакаат да го заборават.

Сендвичот онаков како што го познаваме денес, бил популаризиран во Англија во 1762 година од Џон Монтагу, Четвртиот војвода од Сендвич. Легендата вели, а со тоа се согласуваат повеќето историчари, дека Монтагу има голем зависнички проблем од коцката што го терал да седи со часови на коцкарска маса и да игра карти. За време на посебно долгите партии, тој побарал од дворскиот готвач да му донесе нешто што ќе може да го јаде без да мора да стане од столчето, и така бил роден сендвичот. Монтагу толку многу уживал во својот оброк и во лебот, што постојано тоа и го јадел: и како што растела неговата неславна популарност во Лондон и меѓу високите кругови, креацијата исто го  добила и неговото име.

Се разбира, тешко е за верување дека Џон Монтагу (или уште повеќе неговиот непознат готвач) биле првите кои ги сметаме дека ставиле некаква состојка помеѓу две кришки лепче. Всушност, знаеме од каде Монтагу ја добил идејата за оваа негова креација. Монтагу патувал по Медитеранот, каде биле послужувани турски и грчки порции со мезе. Сосови, сирења и парчиња меса биле „сендвичирани“ помеѓу две и ставани на горната страна од кришка леб. Така по се изгледа Монтагу ја добил инспирацијата додека седел на маса и играл карти.

Креацијата на Монтагу веднаш станала популарна. Само неколку месеци подоцна, човекот кој е познат како Едвард Гибон, го спомнал терминот сендвич во неговиот дневник, и напишал дека „видел дваесетмина или триесет високи личности во кралството“ како јадат сендвичи во ресторан. За време на Револуционерната војна, сендвичот веќе бил добро познат во Англија. Би помислиле дека и американските колонисти го практикувале сендвичот, но во новата земја не постојат рани записи за тоа се додека еден рецепт за сендвич не се појавил во американски печатен готвач од 1815 година.

Зошто оваа креација толку долго останала незабележана кај народот? Изгледа дека првите американски готвачи намерно ги избегнувале кулинарските трендови од поранешната владеачка држава. А самиот назив „сендвич“ доаѓа од британскиот владеачки систем, нешто што поеќето американци тогаш сакале да го заборават. Кога спомените избледеле и се појавил сендвичот, неговата најпопуларна верзија не биле со шунка или мисирка, туку со јазик!

Се разбира, повеќето Американци денес не ни сонуваат да јадат сендвич со јазик. Но тоа е во ред, затоа што досега сме смислиле толку многу различни и фантастични идеи за сендвичи. Култниот сендвич „Пур бој“ од Њо Орлинс, се појавил за време на Големата депресија, кога штрајкувале возачите на трамваите. Двајца браќа, кои претходно биле возачи на трамваи, имале продавница за сендвичи и си дале задача да ги нахранат сите гладни штрајкувачи – бесплатно. Кога некој гладен штрајкувач ќе влезел во продавницата, продавачите ќе викнеле, „Еве уште едно сиромашно момче (пур бој)“, и така се родило името на сендвичот. Оброкот за училиште, „Слопи Џо“ (хамбургер), се појавил отприлика во исто време и бил иновација од набрзина подготуваната вечера од – сигурно погодувате – некојси Џо. А „Ријубин“, дефинитивно не-кошер супервкусниот со младо телешко, швајцарско сирење и кисели краставички, не се појавил во Њујорк, туку во Омаха, во Небраска. Именуван е според еден од учесниците во неделната партија покер која се одигрувала во хотел, но оваа креација излегла од рамките на тајните во хотелот кога сопственикот ја ставил на менито во ресторанот. Подоцна оваа иновација ја освоила првата награда на националниот натпревар за рецепт, а се друго е историја.

Дали сте знаеле?

Сендвичите со путер од кикирики и џем првпат се појавиле во 20-ите години од минатиот век. Се до тогаш, путерот од кикирики се сметал како луксуз и постоеле повеќе шанси да наидете на сендвич со путер од кикирики и црвена пиперка, па дури и со путер од кикирики и лисја од чајот поточарка. Кога цената на путерот од кикирики паднала, луѓето престанале да го гледаат како ексклузивност и први почнале да го користат зафатените мајки во обид да ги нахранат децата кои оделе на училиште.

History.com

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава