Презентација на возила на полигонот на АСУЦ

Од:

На полигонот на средното автосообраќајно училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“ денеска ќе се одржи петта манифестација на возила и мотоцикли.

Според најавата на организаторот, ќе учествуваат повеќе од 250 возила, а презентациите ќе бидат во различни категории – олдтајмери и јангтајмери, тјунирани возила, стајлинг на возила, озвучување на возилата и луксузни возила.

На настанот ќе биде промовиран Автомотоклубот АСУЦ, ќе има и награди со лотарија, изненадувања од организаторите и спонзорите, а на влезот од полигонот посетителите ќе може да донираат пари што училиштето ќе ги намени за социјална помош на нивни ученици.

– Целта на настанот е еднодневна забава, дружење, изложување на автомобили, како и афирмација на училишниот центар за поголем број запишани ученици во иднина, за да не дозволиме да пропаднат стручните дејности, соопшти АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on