Претставување на 45. фестивал „Џифони искуство“

Од:

Основачот и уметнички директор на фестивалот „Џифони искуство“ (Giffoni Experience) Клаудио Губитози денеска на средба во Кинотеката на Македонија ќе го најави 45-тото издание на фестивалот кој се одржува во Италија и во чии активности  и оваа година ќе бидат вклучени  млади од Македонија.

Агенцијата за филм на РМ информира дека на средбата ќе бидат прикажани видеоматеријали од програмските активности од вториот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“, како и видеоматеријали за најава на фестивалот во Италија.

– Овој Фестивал преставува културен производ чија цел е поттикнување на неформалното образование за филмот и културата воопшто, како и развој на филмската естетика и култура кај најмладите, соопшти Агенцијата за филм.

Би можело да ве интересира

„Летото кога научив да летам“, „Враќање во тие денови“ и „Смена“ – најдобри играни филмови според жирито на „Џифони“

Дванаесет млади од Македонија ќе учествуваат на 45. фестивал „Џифони Искуство“

Ана Ололовска

„Џифони Македонија“ стана член на Европската филмска асоцијација за деца

Ана Ололовска

Завршна вечер на „Џифони Македонија“

Ана Ололовска

Храмот на италијанската опера „Сан Карло“ со омаж за Карузо во МНТ

Ана Ололовска

„Џифони Македонија“ со двојно поголем број учесници

Ана Ололовска