Претставен изгледот на евровизиската сцена во Малме

Од:

Подготовките за Евровизија 2013, која ќе се одржи во Шведска во мај, веќе се во тек, а организаторот го претстави изгледот на сцената на која ќе настапуваат натпреварувачите.

Идејата за изгледот на сцената е логото на Евросонг и има облик на крила од пеперутка, а структурата ќе заземе голем дел од „Малме Арена“.

Извршниот супервизор на „Евровизија“ Јон Ол Сенд на состанокот на раководителите на делегациите истакна дека организаторот сака публиката да може што подеднакво да ја доживува сцената.

– Сакаме секоја песна на натпреварувањето да блесне во полн сјај, изјави Санд.

На состанокот на шефовите на делегациите на земјите учеснички на Евровизија во Малме беа објавени и прелиминарните датуми за одржување на Евровизија 2014 година, од 13 до 17 мај.

За најпопуларниот музички фестивал во Европа има голем јавен интерес. Евровизија во Шведска ќе се одржи по петти пат, а по втор пат во Малме.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија