Три четвртини од возрасните во светот конзумираат речиси двојно повеќе сол отколку што препорачуваат експертите, објавија научници од Харвард.
Светската здравствена организација (СЗО) препорачува ограничување на внесот на сол на помалку од 2.000 милиграми дневно, а некои лекарски здруженија препорачуваат 1.500 милиграми сол дневно.
Се проценува дека кон овие препораки се придржува само еден отсто од светската популација.
Претераното внесување на сол придонесува и високо учество на сол во бројните готови прехранбени производи, појасуваат истражувачите по анализата на резултатите на 247 претходно спроведени студии.
Според нив, претераниот внес на сол долгорочно го зголемува ризикот за зголемен крвен притисок, болести на срцето и бубрезите, срцев удар и затајување на срцето.