Престанете на децата да им велите да учат

Од:

Бука – Сараево

– Никој не пораснал повисок бидејќи постојано се мерел – Ролан Мејган

Никогаш немало толку голем притисок на децата како денес, се што ќе им се понуди да биде едукативно и корисно. Секоја играчка и сликовница замислена од страна на возрасните мора тајно преку игра да им прокриумчари некое знаење. Сепак, сите ние сме свесни дека сето тоа е претерано и дека најдобро што можеме да направиме за нив е да ги пуштиме да си играат. Од сите страни во понуда се едукативни играчки и бројанки и сите тие рекламни слогани имаат еден вид извртена порака дека токму со таа едукативна сликовница ние ги учиме, а тие и не знаат дека учат. Тоа изгледа како ние мудро да им подметнуваме знаење…

Како прво, учењето навистина е забавно. Не мораме да купуваме тематски работни листови под слоганот Учете преку забава.

Децата се родени да учат и да сакаат да учат. Сите тоа го знаат. Но, кога ќе почнете таа нивна навика да ја земате под свое и нивниот интерес опаѓа, бидејќи кога ќе се вмешате тоа станува морање.

Второ, децата не се глупави. Тие знаат кога се обидувате да го прикриете учењето зад наводно забавна активност. Тие ги чувствуваат вашите скриени очекувања и притисокот. Лично, мислам дека за принудно учење никогаш не е време, а посебно не во раното детство. Тогаш е единствено вистинско време за игра. Не обидувајте се ништо што може да ја убие вродената љубов кон учењето на нови работи и љубопитноста.

Трето, во заблуда се тие кои мислат дека децата мора да учат цело време. Не е вистина. И така децата учат цело време, па не мора во секое искуство да им наметнувате што повеќе содржини. Ако вашето дете се заинтересира за жаби, не мора да му купувате литература за нив и да печатите жаби на работни листови. Пуштете ги сами нека дознаат што сакаат. Или, ако детето ви е креативно, не треба да го запишувате на десет креативни работилници!

Децата и така постојано учат нови нешта, но само затоа што можеби нема секогаш да забележите (или да измерите) или затоа што тоа не е нешто што е традиционално, академско знаење, не значи дека тоа не е знаење. Сите учења не се толку очигледни и мерливи. Можеби ќе го подели со вас кога ќе биде подготвено? Можеби не сака да го дели со било кого? Дали вие сакате со другите луѓе на споделувате секоја ситница која сте ја дознале? Или постојат некои работи кои едноставно ги задржувате за себе? Дали воопшто е потребно се постојано да се оценува, проценува, бодува и на се да се суди? Зарем не можеме само да гледаме и да имаме доверба? Мислам дека можеме ако се потрудиме.

Не велам дека не треба да ги поддржувате интересите на вашето дете и дека не треба да бидете вклучени во учењето, да не поставувате прашања и да не нудите идеи. Никако! Поддршката им е секако потребна. Но да бидеме свесни на начинот на кој ние тоа го правиме. Какви се нашите очекувања? Дали повеќе се грижиме за себе, дали нешто ќе биде корисно за детето или се работи за тоа дека задоволуваме некои свои потреби и очекувања?

Не ги оптоварувајте. Немојте да имате скриени мотиви. Пуштете ги сами да ги следат своите интереси или да спроведуваат истражувања. Прашајте ги што мислат. Прашајте ги што за тоа дополнително би сакале да дознаат. Дали сакаат ваша помош и информации од вас. Зборувајте со нив. Охрабрете ги. Обезбедете средства ако прашаат. Ако сакаат, водете ги во библиотека да дознаат повеќе. Забавувајте се со намера да се забавувате, а не со намера да учите. Учиме цел живот. Не брзајте, пуштете ги малку да одморат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска