Лицата кои го прескокнуваат појадокот се во поголема опасност да добијат срцев удар или да починат од некоја срцева болест, покажуваат резултатите од студијата, чии резултати се објавени денеска.
Во истражувањето на Универзитетот Харвард од 1992 до 2008 година учествуваа речиси 27.000 лица на возраст меѓу 45 и 82 години. Резултатите покажуваат дека лицата кои не појадуваат за 27 отсто повеќе ризикуваат да добијат срцев удар или да заболат од некоја срцева болест.
Појадокот главно го прескокнуваат млади луѓе. Меѓу нив поголемиот дел работат цело работно време, живеат сами, главно се пушачи, редовно пијат алкохол и не се занимаваат со спорт.
– Прескокнувањето на појадокот го зголемува ризикот од прекумерна тежина, висок притисок, холестерол, дијабетес, што на крајот може да доведе до срцев удар, изјави еден од лидерите на истражувањето Лијах Кахил.