Препознајте ги играчките кои содржат опасни материи

Од:

Причините поради кои некоја играчка е означена како опасна се различни, а се однесуваат на хемискиот состав, можноста од здобивање повреди, изгореници, задушување…

Според истражувањето на Ecology Center, секоја петта играчка содржи олово, кое е отровно и штетно за нервниот систем. Штетните пластични играчки од друга страна во допир со телесните течности испуштаат отровни и канцерогени хемикалии.

Отровните хемикалии кои не би смееле да се појавуваат во детските производи се: бром, жива, олово, кадмиум, антимон, арсен, хром, кобалт, жива, никел, калај. Тие материи се алергени, канцерогени или можат да имаат други штетни влијание врз здравјето во зависност од концентрацијата и нивото на изложеност.

За да бидете сигурни дека играчките кои ги избирате за вашето дете се добри еве неколку работи на кои треба да обрнете внимание:

– Состојките од кои се изработените играчките би требало да бидат наведени на етикети.

– Проверете кој е произведувачот и увозник на играчките.

– Избирајте доверливи и проверени произведувачи и увозници на играчки.

– Одбегнувајте ПВЦ.

Сјајната супстанца која се наоѓа на голем дел додатоците на облеката е поливинил-хлорид или попознат ПВЦ. ПВЦ се изработува од остатоци на пластика и може да содржи фталати, супстанци кои се додаваат на пластиката за да биде флексибилна, а на луѓето дејствуваат како азбест.

Детските играчки кои се направени од ПВЦ се забранети во Европа, а во САД некои компании престанаа доброволно да ги произведуваат. Сепак играчките направени од ПВЦ и натаму масовно се произведуваат во Кина.

Секогаш барајте ознака рециклирање за ПВЦ (V3), така што ќе знаете дали играчките се направени од оваа супстанца или не.

Иако родителите им веруваат на древните играчки, опасни супстанци можат да се најдат и во нив и тоа: ПАУ, нонифенол, никел, формалдехид, органски соединенија со калај.

Боите и кредите се нетоксични доколку на етикетата се наоѓа ознаката ASTM D4236.

Кога купувате играчки, барајте сертификат на земјата на потекло, како и ознаката „tested“, што значи дека производот го одобрила агенција за проверка на квалитетот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска