Премногу информации не е добро за децата

Од:

Некои родители и наставници веруваат дека детето е како голем контејнер кој треба да се наполни со повеќе информации и тоа што е можно побрзо. Оваа заблуда влијае на брилијантните млади умови, изјави др. Вилсон од Институтот за напредно учење.

Преоптоварувањето на детето со информации може да доведе од прекумерни стимулации на некои делови од детскиот мозок, што влијае на нивното целокупно функционирање.

Во денешно време децата се изложени на секакви пораки кои доколку пред да дојдат до нив не се „пречистат“, можат да ја уништат нивната чистота и да предизвикаат емоционални и социјални проблеми.

Голем дел од проблемите со преоптоварување со информации е поврзан со социјалните медиуми, кои пласираат секакви вести кои лесно им се достапни на децата, а можеби не се примерни за нивните години.

Вториот дел од проблемите се и самите родители кои им посакуваат најдобро на нивните деца, а под тоа се подразбира дека тие треба да бидат пообразовани и поинформирани, па со самото тоа ги оптоваруваат со голем број информации.

Во согласност со годините, децата сами морат да станат свесни за нивната одговорност и мораат да ги разберат емоционалните и невролошките промени кои годините и ситуациите им ги носат.

Сепак се треба да оди по свој тек и во согласност со возраста и не треба младото лице  да се оптоварува со голем број информации, туку тие треба да примаат онолку податоци колку што е потребно за нивната возраст.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска