Преминувањето кон летното сметање на времето влијае на здравјето

Од:

Откако ќе ги поместите сказалките за еден час нанапред, во ризик е не само еден час сон, туку многу повеќе, тврдат научниците.

Научно е докажано дека преминувањето на летно сметање на времето е поврзано со многу здравствени проблеми – од срцев удар до повреди.

Инфарктите се 17 отсто почести во недела кога часот се поместува нанапред, отколку две седмици пред тоа, тврдат истражувачите од „Вилијам Беумонт“ болницата во Мичиген.

casovnik-lisja

Исто така, зачестеноста на срцевите удари е 71 отсто поголема во однос на претпоследниот ден по зимското сметање на времето.

Студијата која е објавена во Американскиот журнал за кардиологија вели дека пореметувањата на сонот го реметат нивото на хормони и го зголемуваат крвниот притисок што влијае на срцето.

Преминувањето на зимското сметање на времето, меѓутоа, нема такво влијание на кардиоваскуларниот систем.

Други студии откриле дека тинејџерите имаат послаби резултати на контролните задачи, што е последица на недоволен сон.

Некои британски статистики упатуваат дека во ова време доаѓа до пораст на сообраќајните несреќи, бидејќи возачите мора да се носат со мрачните утра.

Истражувањето го спровела Ивон Херисон – експерт за спиење од „Џон Мурс“ универзитетот во Ливерпул.

Во списанието „Sleep Medicine Reviews“ таа вели дека на телото му е потребна цела седмица за да се навикне на промената.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска