Премиерата на 7. сезона на Game of Thrones ги урна сите рекорди на HBO

Од:

Првата епизода од седмата сезона на ТВ серијата Game of Thrones, којашто премиерно беше прикажана завчера, ги надмина сите рекорди на гледаност на HBO мрежата.

Преку многуте сервиси коишто ги пренесуваат HBO каналите, првата епизода од седмата сезона ја гледале над 16 милиони луѓе, со што тоа е најгледаната премера на HBO воопшто.

За споредба, првата епизода од минатата шеста сезона ја гледале околу осум милиони фанови, а пак, последната – 25,7 милиони.

Фантастичната приказна за дворските игри околу престолот, чиишто креатори се Дејвид Бениоф и Д.Б. Веис, привлече милиони фанови ширум светот и освои бројни номинации и награди, како што се „Еми“ за најдобра драма серија, или номинацијата за „Златен глобус“ за најдобра телевизиска серија.

Патем, Питер Динклиџ освои „Еми“ за најдобра машка споредна улога.

Авантуристичко-фиктивната приказна сместена во Средниот век, веќе по третата сезона ја симна од престолот дотогаш најгледаната HBO серија The Sopranos.

Втората епизода од новата сезона на Game of Thrones ќе биде емитувана в понеделник, 24 јули.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ