Премиера на вториот дел на „Чувари на Галаксијата“, ФХ3Х дел од ефектите

Од:

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти и на вториот дел на Марвеловите „Чувари на Галаксијата“, кој од вечерва ќе почне да се прикажува во Скопје.

Според Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент, на овој проект работеле вкупно 68 артисти од ноември минатата година до февруари 2017-та.

– Овој проект го работевме во соработка со Метод студиос и на филмот беа изработени околу 60 кадри. Со нетрпение очекуваме да го видиме конечниот резултат. Од она што се навестува за филмот низ медиумите и форумите, не очекува забава која е типична за Марвел. За визуелните ефекти оставам да погледнете и сами да оцените, изјави Даниловски.

Филмот е во режија на Џејмс Ган со спектакуларната актерска екипа составена од Крис Прат, Зое Салдана, Дејв Батиста, Бредли Купер, Карен Гилан, Пом Клементиеф, Елизабет Дебитски, Крис Саливан, Шон Ган, Силвестер Сталоне и Курт Расел.

Чуварите мора да се борат за да го одржат своето новостекнато семејство додека Питер Куил го открива своето потекло, притоа старите непријатели стануваат сојузници, а милениците на фановите од популарниот стрип се одзиваат на повикот за помош како што Марвеловиот филмски универзум продолжува да се шири.

Премиерата на вториот дел на „Чувари на Галакасијата“ е во 20 часот во киното Синеплекс.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ