Премиера на „Темната кула“ на Стивен Кинг, ФХ3Х дел од ефектите

Од:

Филмот „Темната кула“, најновото филмско остварување според делото на Стивен Кинг, во режија на Николај Арчел, чии визуелни ефекти работеше и Македонската компанија ФХ3Х, премиерно ќе биде прикажан вечер во Скопје.

Темната кула е американски научно-фанстастичен вестерн, кој е продолжување на истоимениот серијал новели на Стивен Кинг. Носители на главните улоги во филмот се Идриз Елба како Роланд Дешаин, револвераш кој трага по начин да ја заштити Темната кула од Волтер О’Дим, толкуван од Метју Меконахју, попознат во филмот како „Човекот во црно“.

Кристијан Даниловски, еден од основачите и косопственик на компанијата ФХ3Х истакнува дека на овој филм работеле од август, минатата година до февруари годинава, со тим од околу 80 артисти.

– Со нетрпение го исчекуваме, бидејќи за да се пренесе на филмско платно приказната на Стивен Кинг биле потребни 10 години и три режисери и тоа не кои било: првиот бил Џеј Џеј Абрамс, вториот Рон Хауард и конечно ќе го видиме резултатот на Николај Арчел. Верувам дека ќе биде прекрасна визуелна забава и ќе уживаме на премиерата, додаде Даниловски.

Тој потсетува дека серијалот од осум книги „Темната кула“, кој Стивен Кинг започнал да ги пишува во седумдесетите години, говорат за битката меѓу Роланд и Човекот во црно во една алтернативна реалност, која, според него, може да се опише само како неверојатна мешавина на светот на Толкин и Клинт Иствуд во тој свет.

Низ приказната во филмот не води Џејк Чемберс, 11-годишен авантурист, кој следејќи ги трагите, открива нов свет во друга димензија наречен Среден свет. Љубопитно, внесувајќи се во мистеријата тој се сретнува со револверашот Роланд, кој е на пат кон Темната кула што се наоѓа во Крајот на светот.

Двајцата сосема различни херои, во трката меѓу времето и просторот ќе се обидат да ги спасат своите светови од потполно уништување, а дали ќе успеат во тоа одговорот е во филмот.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид