Премиера на „Сали“, ФХ3Х дел од ефектите

Од:

Филмот „Сали“, снимен според вистински настан од 2009 година за Челси Саленбергер, кој стана херој по слетувањето на авионот од компанијата US Airways во реката Хадсон, вечер ќе почне да се прикажува во Скопје.  Во изработка на ефектите на филмот работеше и Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х во соработка со MPC од Лондон.

Режисерот Клинт Иствуд инспириран од вистинскиот настан вели дека одлучил да направи филм и да ја долови поентата која капетанот Саленбергер ја дал во едно интервју по настанот со изјавата: „Во еден подолг период кога народот почнува да се чувствува обезхрабрен и кога се сомневаат дали воопшто некому можат да му веруваат, се појавува група на луѓе кои го прават токму она што треба, вистинските одлуки, вистинските чекори во вистинското време. Тоа влева надеж“.

Кристијан Даниловски, коосновач на ФХ3Х истакна дека на овој филм за херојскиот потфат на капетанот Сали, работеле 117 артисти во периодот од јануари до јули годинава, на вкупно 464 кадри или 32 минути од филмот.

– Можноста да бидеме дел од ваков филм ни е посебно драга. Ова се филмови кои носат сведоштво за нешто големо, за умешноста да се направи она што треба, тогаш кога треба, она кон што ние сите се стремиме, вели Даниловски.

Инаку, Челси Барнет „Сали“ Саленбергер (роден 23.01.1951) е пензиониран авио-пилот и консултант по авио-безбедност. Бил прогласен за народен херој во Америка за успешното вонредно слетување на вода на авионот од летот 1549 во реката Хадсон кај Менхетен, Њујорк, откако авионот налетал на јато канадски гуски при полетувањето од Ла Гуардиа аеродромот, и бил потполно оневозможен. Настанот се случил на 15.01.2009, сите 155 патници и членови на екипажот преживеале.

Во официјалната истрага по настанот биле направени серија тестови со користење на Airbus симулатори во Франција, за да се провери дали летот 1549 можел безбедно да се врати назад на Ла Гвардиа аеродромот на пистите 13 или 22 кои биле слободни или на Тетребо аеродромот на пистата број 19. Тест пилотите од 15 обиди само осум пати успеале да го приземјат безбедно леталото, а покрај тоа, во официјалниот извештај условите на овие тестови со симулатори биле прогласени за нереални. На единствениот последователен тест на кој пилотот го одложил слетувањето за 35 секунди за да ја долови веродостојноста на вистинитата случка леталото се урнало во обидот да слета на Ла Гвардиа.

Главната улога на капетанот Сали ја игра оскаровецот Том Хенкс, а во филмот настапуваат и Арон Екхарт и Лаура Лини. Сценариото е на Тод Комарнички.

Премиерата на „Сали“ е вечер во 20 часот во киното Синеплекс.

Би можело да ве интересира

ФХ3Х во третата сезона на Star Trek Discovery

Ана Ололовска

Меѓу номинираните за Оскар за визуелни ефекти повторно филм на кој работеше FX3X

Наум Локоски

ФХ3Х учествуваше во ефектите на шест од 20 филма во трка за номинација за Оскар, утре премиера на Аквамен

Ана Ололовска

Премиера на „Мег“ – ајкулата чудовиште, ФХ3Х дел од ефектите

Ана Ололовска

Премиера на „Одмаздници: Војна на Бесконечноста“, ФХ3Х работеа на ефектите

Ана Ололовска

Премиера на „Томб Раидер“ со Викандер, ФХ3Х учествуваа во ефектите

Ана Ололовска