Премиера на „Мег“ – ајкулата чудовиште, ФХ3Х дел од ефектите

Од:

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „МЕГ“, кој од вечер ќе почне да се прикажува во Скопје.

Филмот е снимен според новелата „Мег: Новела на длабок терор“ на Стив Алтен, кој пак бил инспириран од приказната за гребенот Мариана во Пацификот. Дејството на филмот е лоцирано токму во овој гребен, кој со своите повеќе од десет илјади километри, е најдлабокиот кој му е познат на човештвото. Од длабочините на ова најенигматско место на Океанот се појавува дваесет метри долгата ајкула Мегалодон, а тука е и палеонтолог, кој се обидува да го спречи нападот на ајкулата и нејзиното размножување.

Според Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент, на овој проект се работело од април до октомври, минатата година, а биле ангажирани 80 артисти.

– Филмот доби добри критики како научно-фантастичен трилер и летна забава, секако умерена, бидејќи е и за деца над 13 години. Заработката, иако можеби не е единственото мерило за квалитетот на филмот, но Мег трипати го надмина буџетот за продукција и досега заработи 315 милиони долари, а во многу земји во светот, меѓу кои и во нашата, премиерата допрва претстои. Оценката на визуелните ефекти, она што нас најмногу не интересира, е повеќе од одлична. Според Форбс, тие се импресивни, и тоа е доволно да не привлече да одиме во кино и да го погледнеме филмот, вели Даниловски.

Во главните улоги настапуваат Џон Статам и Лин Бингбинг, а во останатите улоги се појавуваат Раин Вилсон, Руби Роуз, Винстон Чао и Клиф Кртис. Режијата е на Џон Тртлтауб.

Премиерата на „Мег“ е вечер во киното Синеплекс во Скопје.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ