Премиера на „Марсовецот“ на Ридли Скот, ФХ3Х изработи дел од ефектите

Од:

Најновиот филм на Ридли Скот, „Марсовецот“, на кој дел од ефектите ги изработи македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х во соработка со студиото МПЦ Техниколор, од вечер ќе почне да се прикажува во Скопје, еден ден пред американската премиера.

Кристијан Даниловски, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х, истакна дека за работата на овој проект по првпат работеле stereoscopic matchmove техника.

– На проектот работеа 30 артисти од периодот од март до јули годинава, и беа изработени 207 кадри или 32.25 минути. Филмот е не само Оскаровски материјал, туку можеби според мое мислење ќе биде и најдобриот филм на Ридли Скот во последнава декада. Нестрпливо очекуваме да го погледнеме во целост, изјави Даниловски.

Приказната за „Марсовецот“ базира на истоимената новела на Енди Веир, според сценариото на Дру Годард. Вселенската мисија на Марс е во потрага по австронаутот Марк Ватни (кој го толкува Мат Дејмон), а за кој се претпоставува дека е мртов и е оставен на планетата од страна на екипажот. Ватни се бори да преживее во сурови услови и се обидува да испрати сигнал дека е жив. По откривање на неговиот сигнал, НАСА и научници од целата Земја, заедно со неговиот екипаж соработуваат да најдат начин да го спасат.

Како советник на филмот заради научна точност бил ангажиран директорот за планетарни науки во НАСА, Џејмс Грин. Всушност, научната точност била запазена уште при пишувањето на новелата од страна на писателот Виер, кој темелно истражувал и собирал информации од читателите за да може прецизно да ја долови автентичноста на сите случувања.

Премиерата на „Марсовец“ е во Синеплекс во терминот од 20:15 часот.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид