Пред своето време: Футиристичките идеи на Никола Тесла

Од:

Национална географија – Вашингтон

Славниот научник регистрирал над 300 патенти, врз чии принзипи се темелат многу врвни достигнувања во технологијата која ја користиме денес. За што фантазирал Никола Тесла?

1. Читач на мисли

Тесла своевремено размислувал за машина која би можела да чита мисли, а во натпис објавен во списанието Канзас Сити Џурнал Пост во 1933 година навел неколку проекти на кои тогаш активно работел, вклучувајќи и машина која би можела да ги забележи мисловните текови. Изјавил дека ќе успее да направи машина која снима и фотографира мисли. Планот бил на симулација на мрежницата да се оцртува се што ќе ни падне на памет, така сечиј ум би можел да се чита како книга.

Овој план никогаш не се развил, но се уште е идејна водилка на многу научници кои се уште се обидуваат да ја остварат оваа замисла на Тесла.

2. Видео-пренос на податоци
Слободно можеме да кажеме дека Тесла бил прв кој зборувал за можности кои ги имаат денешните апликации на паметните телефони и компјутери. Уште од дамнешната 1926 година Тесла предвидел дека уред во иднина ќе може да пренесува слика како што тогаш преку радио бранови се пренесувал звукот.

3. Безжичен пренос на струја
Една од најголемите неостварени желби на Тесла е безжичен пренос на енергија, при што воздухот би се користел како преносно средство. Имено, Тесла успеал да развие техника на палење на сијалици со помош на индуктивни спојници, но не успеал да направи толку голема мрежа која би можела да пренесува струја. Денес научниците идејата на Тесла ја приведуваат блиску до остварување, но се уште постојат некои пречки кои можеби во иднина ќе се надминат.

4. Контакт со вонземјани 
Кога во 1889 година Тесла престојувал во Колорадо, слушнал непознати звуци преку радио, за кои верувал дека не доаѓаат од Земјата. Подоцна научниците овие звуци ги поврзале со вселенските радио-бранови, кои во тоа време биле непознати.

5. Moбилни телефони 
Во 1901 година, Тесла предлагал користење на уред во модерен телеграфски систем. Имено, уредите би функционирале со немерливи далечини и би можеле да снимаат текстуални и гласовни пораки. Звучи познато, зарем не?

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска