„Пред да се раздени“ е насловот на новата македонска евровизиска песна

Од:

Новата евровизиска песна со која Есма Реџепова-Теодисиевска и Влатко Лозановски-Лозано ќе ја претставуваат Македонија на 58-то издание на изборот за Песна на Евровизија е насловена „Пред да се раздени“.

Композицијата е на Дарко Димитров, Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска – Ена, која го напиша текстот, а за ромскиот дел од песната на Есма се погрижи нејзиниот син Симеон Атанасов.

„Пред да се раздени до мене остани, во новиот ден да сме заедно јас и ти…“ се дел од стиховите на новата песна.

Премиерната изведба ќе се случи утре вечерва, во 19 часот, во студио 1 на Македонската радио телевизија.

Песната ќе биде дел од снимањето на светски познатото шоу „Танц со ѕвездите“.

Изборот на Песна за Евровизија ќе се одржи во мај во Малме, Шведска.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија