Пред да го оставите детето само дома…

Од:

Доаѓа момент кога детето треба да го оставите само дома  и сметате дека ќе се „снајде“, бидејќи некои од неговите врсници веќе се осамостоиле.

Сепак, тоа може да биде стресно искуство и за родителите и за децата, затоа е добро да ги подготвите децата за таквите ситуации за да бидат безбедни и опуштени.

Прво, добро размислите дали вашето дете е доволно зрело да остане само дома? Дали се плаши, дали знае што треба да направи ако снема струја, ако некој непознат ѕвони на вратата или ако се исече додека подготвува сендвич?

Кога ќе одлучите да го оставите само, експертите советуваат да се разговара со детето и да подготвите за можните ситуации. На пример, научете го како да разговара со непознати лица кои ѕвонат на врата, да не ја оставаат отклучена вратата ако излегуваат од дома, дури ни на неколку минути. Пред се заеднички финализирајте ги правилата на однесување додека сте отсутни.

Кажете им на децата кои апарати можат да се користат, а кои не додека се сами, кои другари можат да ги поканат да им прават друштво, во која соба смеат да играат, кои фиоки не смеат да ги отвараат.

Листата е долга, но потребно е да се „помине“ низ сите предмети и задолжително да се јавите на телефон од време на време да проверите дали се е во ред.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска