Некои ризици од развој на рак на дојка како што се годините, полот, наследството не можеме да ги контролираме. Меѓутоа, една од најефикасните тактики со која можеме да влијаеме на таа малигна болест е и наједноставна – одржување здрава телесна тежина и внес на здрави намирници.
– Кај преголемата тежина се зголемува лачењето естроген кој може да стимулира раст на тумори, објасни Кели Билински од австралискиот Институтот Вестмед за рак на дојка.
– Исто така е поврзан со хронични воспаленија и засиленото лачење инсулин, што може да влијае на појавата и раст на тумори, додаде таа.
Антиоксиданси: Свежо овошје и зеленчук
Диетата која експертите ја препорачуваат се базира на добро позната медитеранска исхрана, пред се на свежите намирници.
– Овошјето и зеленчукот се богати со антиосиданси за кои е докажано дека спречуваат рак, рече Билински и додаде: „Ракот се развива кога врз генетскиот материјал во клетките ќе се појави грешка поради која клетките ќе почнат неконтролирано да растат, а хранливите материи како што се антиоксидансите, имаат способност за исправање на таквите грешки, појасни Билински.
Да се намали конзумацијата на алкохол
На вашето срце му одговара по некоја чаша вино, но на дојките им штети. Според податоците на „Cancer Councila Australia“, алкохолот е причинител на 22 отсто од туморите на дојка во земјата, која алкохолот го оценила како еден од најопасните канцерогени производи, заедно со цигарите. Две чаши алкохол дневно го зголемуваат ризикот од појава на тумор на дојка за 25 до 35 отсто, а три за 40 до 50 отсто. Не се препорачува пиење на повеќе од една чаша алкохол на ден.
Внимавајте кои маснотии ги внесувате
За поврзаноста на внесот на маснотии и тумори на дојка одамна се зборува. Новите докази покажале дека е важен типот на маснотиите кои ги конзумирате. Заситените маснотии (месо, полномасни млечни производи и брза храна) се едни од најопасните фактори. Од друга страна, незаситените маснотии имаат превентивна улога, како што се омега-3 масни киселини од рибно потекло и маслиново масло.
Пешачење
Најнова студија покажува дека пешачење еден час дневно може значително да го намали ризикот од карцином на дојка. Студијата која следела 73.000 жени на возраст од 50 до 74 години во текот на 17 години, покажала дека едночасовната прошетка седум дена во неделата го намалува ризикот од болеста.