Американска авторка Памела Друкерман посвети цела книга за позитивните страни на француското родителство, по што целиот свет призна дека има нешто посебно ефективно во воспитните методи на Французите.
Следуваат правилата кон кои се придржуваат француските родители:
Одлучност
Цврсто, но смирено и јасно „НЕ“ е една од централните работи во француското родителство. Тие го користат кога тоа е потребно, го изговараат љубезно, но важно е дека за нивното „не“ нема расправии. Нема никакво викање, бес и други објаснувања. Се знае кој е главен.
Децата треба да бидат способни сами да се забавуваат
Под ова се подразбира важноста на способноста на детето само да си игра и родителите не треба да се потресуваат кога на децата им е досадно. Кога родителите имаат работа, децата треба да бидат мирни сами со себе без никакви проблеми.
Важно е возрасните да имаат време за себе
Французите веруваат дека тоа што некој ќе стане родител не значи дека неговиот живот треба да се заврши. Тие уживаат во семејството и заедничко поминатото време, но одвојуваат време и за себе, партнерот или друштвото. Тие веруваат дека така ги учат децата да ги почитуваат сите членови на семејството, а не да мислат дека целиот свет се врти само околу нив.
Децата мораат да се учат на независност
Француските мајки не бдеат над децата на игралиштата, ниту ги држат под стаклено ѕвоно до 18 години. Во Франција ќе видите деца кои сами одат до продавница, шетаат од училиште до дома и се возат по улиците на своите тротинети, дури и во голем град како Париз. Веќе од осум или девет годним децата добиваат многу можности да ја развиваат својата самостојност. Многу повеќе отколку во многу други западни земји.
Трпеливоста и мирот се задолжителни
Кај Французите многу е важно децата да научат дека не може се да добијат во моментот. Родителите со тоа ги учат децата да чекаат во ред, да се воздржуваат во прекинување на возрасните додека разговараат и да почитуваат распоредот на оброците.
Семејните оброци се нешто свето
Сите знаеме дека француската кујна е една од најубавите во светот. Тие обожуваат да јадат. Заедничките семејни оброци се камен темелник на францускиот семеен живот, особено викендите кога сите обврски се организираат во врска со прецизно распоредените оброци.
Децата јадат се што и возрасните
Кога веќе зборуваме за оброците важно е да се напомене дека во Франција не постојат посебни оброци за децата. Малите деца јадат се што и возрасните. Тие така рано се запознаваат со зачинетите компири, месо со разни состојки и слично.
Викендот е време за семејството
Додека во многу земји токму викендот е исполнет со секојдневни обврски за децата, во Франција викендите и понатаму се сметаат за време за семејството. Тоа е време кога сите заедно седнуваат да јадат, заедно одат на концерти, во музеи или на село во посета кај бабите и дедовците.
Не оптоварувајте ги децата
Французите не ги оптоваруваат децата со воннаставни активности и не го поминуваат времето водејќи ги и превезувајќи ги од една точка на друга. Тие сакаат да имаат повеќе време за себе и сметаат дека не е во ред членовите на семејството да не можат да најдат време еден за друг.
Целта е да се најде добар баланс во родителството
Убавината на ваквото родителство е во тоа што секогаш сте тука, а при тоа не претерувате, семејството ви е приоритет, но имате време и за вашиот социјален живот. Тоа е всушност и главната цел на секој родител – совршен баланс.