Познат монах за родителството: Ве снимат уште од колевката, не ги држите затворени во становите

Од:

Децата уште од колевка ги снимаат своите родители. Имитираат се што прават возрасните и сето тоа го бележат на својата празна касета. Затоа родиелите мораат да се борат да ги надминат своите страсти, е мислење на овој еден познат монах.

Старецот Пајсис Светогорец е еден од најважните и најпочитуваните светогорски монаси на 20. век. Канонизиран е од страна на Вселенската патријаршија на 13 јануари 2015 година.

– Не се виновни децата. Денес ги држат затворени во становите и немаат простор да трчаат, да си играат. Децата се принудени да бидат немирни. Не можат да се движат за да се испразнат. За децата природно да се развиваат потребен им е двор. Ако влезам во некој стан со деца и видам дека таму е уредено се до совршенство, знам дека тоа не е добро.

Тука децата живеат под војничка дисциплина и така стравот влегува во нивните души.

– Не плашете се за децата, кои од мали се воспитувани во духот на почитување. И доколку малку скршнат од патот, поради својата возраст, ќе се вратат на вистинскиот пат. Тие се како дрвенаријата, која е премачкана со масло, па на неа не се фаќа трулеж. 

– Своите деца од најмали нозе треба да ги научите да се калат, да работат, да бидат силни. И момчињата и девојчињата. И девојчињата треба да бидат благородни, да бидат храбри. Треба да работат домашни работи од мали, бидејќи повеќето родители ги разгалуваат своите деца, па подоцна во животот стануваат несреќни. 

– Добар учител е голема работа, особено во наше време! Децата се празни касети: на нив ќе снимите или безвредни песни (шунд) или духовна музика Работата на учителите е света работа. 

– Младото дрво се врзува полабаво, а не со жица, бидејќи жицата ја повредува кората на младото дрво, така тоа венее и се суши. Младото суштество треба да се воспитува со благонаклоност. Едно момче преполно со енергија и егоизам не треба да се смирува наеднаш, бидејќи пушта млади фиданки, токму како младото дрво со многу сокови.

– Денес не гледаат децата да ги исполнат со нешто, туку ги остават празни. Во семејството денес еден од родителите гледа на една страна, другиот на друга и како детето ќе најде љубов во такви околности? Најпрво треба да е погрижите детето да е исполни со некоја добра содржина, а потоа доаѓа образованието.

– Денеска на цивилизацијата и е случил еден голем скок, родителите не ги разбираат децата, а децата не ги разбираат родителите. Би требало секој да се стави на местото на тој другиот и така да се разберат. Не се виновни децата. Ги бомбадираат од сите страни со разни теории, ова е вистинско, а ова не е….Така децата на крајот не знаат што да мислат. Треба да ги врзете децата, но внимателно и нежно. Еве јас моите мали домати ги врзав со конец, а доколку ги врзев со жица, што би се случило? Зарем не би ги повредил?

– Сметам дека детето кое застранило на одреден начин суровите постапки ќе го направат само уште полошо. Зборувајте со него за доброто и на добар начин и не дозволивајте му да забележи колку ве разжалостува што оди по таков пат. Вие исполнете ја својата обврска и посоветувајте го, а потоа своето дете доверете му го на Бога. 

– Колку што можете потрудете се своето дете да не го оттурнете од себе, како што веќе ви реков, бидејќи тоа може да ги раскине врските и да побегне од семејството. Потоа може да се случи поради егоизам да не сака да ви се приближи и вие сосема ќе го загубите. 

– Родителите понекогаш од преголема љубов им прават лошо на децата. Ги задушуваат со претерано внимание. Гледате и љубовта сака некоја кочница, некоја мерка.

– Дали треба да ги тепаме децата кога се немирни? Видете и стравот понекогаш е кочница и кога детето не разбира, го штити од многу работи. На пример детето се качува на стол незнаејќи што може да се случи ако падне. Доколку родителите го прекорат, следниот пат ќе размисли. Меѓутоа кога децата ќе почнат да разбираат треба со смиреност да им се објасни она што можат да го сфатат.

– Светот стана лудница. Малите деца одат на полноќ на спиење, иако би требало да легнат со заоѓањето на сонцето. Затворени се во повеќекатници и се вклопуваат во дневниот распоред на возрасните. Што да прават тие деца, што да прават нивните родители? Децата доаѓаат и ми велат: „Родителите не не разбираат“. Доаѓаат родителите и ми велат: „Децата не не разбираат“. Се создал јаз меѓу родителите и децата. За да се надмине тој јаз, потребно е родителите да ги согледаат работите од перспективата на децата и децата од перспективата на родителите. И доколку сега децата не ги почитуваат родителите и нивните деца подоцна нема нив да ги почитуваат. Бидејќи ако тие денес не ги слушаат и почитуваат свите родители и тие подоцна ќе бидат измачувани од сопствените деца, бидејќи така дејствуваат духовните закони. 

– Родителите кои не го разбираат значењето на дисциплината се оставаат на волјата на децата и на крајот од нив прават вагабонти. Ти ќе кажеш еден збор, а они на тебе пет безобразни! Таквите можат да станат криминалци. Денешната младина е сосема распуштена. Слобода! „Не ги допирајте децата!“ А децата настојуваат да се бунат, да не ги слушаат родителите, да не ги слушаат наставниците, да не слушаат ништо, да не слушаат никого.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска