Познат е изгледот на првиот хотел во црногорскиот „Луштица Беј“

Од:

Луштица девелопмент и Министерството за одржив развој и туризам претставија наградени архитектонско-урбанистички решенија од меѓународен конкурс за дизајн на Променада хотел, прв од седум хотели кои ќе бидат изградени во Луштица беј, во заливот Трашта близу Тиват.

Првата награда ја освои Арон Џентри, ТВС Дизајн од Атланта, САД. Второпласиран е објектот предложен од Студио Град од Подгорица.

Предмет на јавниот конкурс беше изработка на идејно решение на хотел со максимум 50 сместувачки единици категоризација мин. 4 ѕвезди и кондо хотел со околу 60 сместувачки единици категоризација 5 ѕвезди во рамки на туристичка населба. Хотелот треба да почне да се гради во четвртиот квартал од оваа година.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба