Поврзаноста меѓу анорексијата и аутизмот

Од:

Научниците кои ги набљудуваат девојките со нарушување во исхраната – анорексија, утврдиле дека кај нив можат да се пронајдат знаци на аутизам почесто отколку кај просечната популација. Тие се надеваат дека ова сознание може да им помогне на анорексичните да ја победат својата болест.

Студијата на еден од водечките експерти за аутизам Симон Барон-Коен од Центарот за истражување на аутизмот при Универзитетот во Кембриџ покажа дека во споредба со здравите девојки, оние со анорексија имаат натпросечен број аутистични карактеристики.

Кај нив е пронајден натпросечен интерес за систем и работа, а ниско ниво на емпатија, што претставува сличен профил, но помалку изразен, на оние со аутизам. Тоа покажува дека двете нарушувања можат да имаат заеднички фактори, истакнува Барон Коен.

Традиционално, анорексијата се сметала исклучиво како нарушување со исхрана.

– Тоа е разбирливо, имајќи предвид дека многу ниските килограми и ризикот од неухранетост, па дури и до смрт, мораат да бидат највисок приоритет. Меѓутоа, ова истражување сугерира дек под површинското однесување, умот на лицето со анорексија може многу да дели со имот на личноста со аутизам, нагласи Барон-Коен.

Во САД едно од 50 деца на школска возраст има дијагноза на аутизам, додека во Европа се помалку. Оваа дијагноза главно ја имаат момчињата.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска