Повеќе сон против депресија кај младите

Од:

Адолесцентите кои си легнуваат на време поретко имаат проблем со депресија, отколку нивните врсници кои остануваат будни до долго во ноќта, се наведува во истражувањето на американскиот Универзитет Колумбија.

Експертите на Медицинскиот центар при Универзитетот во текот на 90-тите години од минатиот век набљудувале 15.500 млади луѓе на возраст од 12 до 18 години. Тие откриле дека еден од 15 адолесценти страдаат од депресија, а оние кои легнуваат в кревет по полноќ имаат 24 отсто поголема веројатност за појава на депресија од нивните врсници кои заминале на спиење пред 22 часот.

Лекарите откриле и дека помалку од пет часа сон може да предизвика 71 отсто поголем ризик за појава на депресија, во однос на осум часа спиење.

Шефот на истражувачкиот тим Џејмс Генгвиш изјави дека „добриот сон кој доволно трае би можел да биде една од превентивните мерки против појава на депресија“.

На оние кои веќе имаат симптоми на депресија експертите им предлагаат да користат техники на релаксација, да вежбаат и редовно да јадат здрави оброци со големи количества на овошје и зеленчук.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска