Повеќе секс, молам, ние сме Французи

Од:

Time.com

О-ла-ла! Според нова „Студија за сексуалноста во Франција“, и бројот на партнери и разновидност во секусланите активности се во подем во Франција.

Што е пофранцуско од сексот? Повеќе секс, како што произлегува – посебно ако сте случајно жена. Речиси 50 години откако француската мајска револуција во 1968 година го исфрли слоганот „задоволство без опструкции“, една нова студија открива дека Французите од двата пола се вклучуваат во се поразличен и почест секс отколку кога било претходно – и двата пола и порано и подоцна во животот. Но сепак можеби најзначајното откритие во овој извештај е дека Французинките трчаат сериозна сексуална трка со нивните машки ривали, уште од последното национално истражување за сексот од 1992 година.

Според новата „Студија за сексуалноста во Франција“, подготвена на 600 страници, и нарачана од француската Национална истражувачка агенција за СИДА, и бројот на партнерите и различноста на сексуалните активности во изминатата деценија во Франција се во значаен подем. Можеби ова не треба да изненадува, со оглед колку секс има во инустријата за забава, на интернет, и во јавните дискусии.

Сепак, она што помалку се очекуваше е колку ревносно француските жени го затворија јазот со мажите во смисол на бројот на љубовници, возраст на почеток со секс, и разновидноста на чинови кои се практикуваат. Во некои аспекти, жените првпат дури и ги надминале мажите. Само 3,5 проценти од жените на возраст помеѓу 18 и 35 години сега велат дека се сексуални апстиненти, на пример, наспроти 6,2 проценти од мажите од истата возрасна група. Французинките се сексуално активни од помлада возраст и почесто го практикуваат отколку претходно, додека 20 проценти од Французите на возраст помеѓу 18-24 години рекле дека немаат интерес ниту за секс или романтична активност.

Во истражувањето, во кое биле испитани повеќе од 12.000 мажи и жени на возраст помеѓу 18 и 69 години, се открива дека просечната возраст на првите сексуални односи е 17,2 години кај Французите, и 17,6 години кај французинките – што е пад кај младите француски жени од пред скоро 20 години. (За споредба, просечната возраст во САД за почеток со сексуална активност е 17,3 години кај мажите, и 17,5 години кај жените). Бројот на доживотни сексуални партнери е исто во пораст: Французинките на возраст помеѓу 30 и 49 години пријавиле во просек 5,1 „амантс“ во нивниот живот (во споредба со 4 во 1992 и 1,5 во 1970 година). Мажите од истата возрасна група пријавуваат прилично повисоки бројки – 12,9 партнери денес – но ова малку се изменило во споредба со оние кои биле испитувани во 1992 (12,6) и 1970 (12,8). Во меѓувреме, процентот на луѓе кои рекле дека имале само еден сексуален партнер во нивниот живот паднал од 43 проценти во 1992 на 34 проценти денес кај жените, во споредба со 16 проценти кај мажите (што е пад од 18 проценти во 1970 и 21 проценти во 1992 година). Денес, точно 90 проценти од жените на 50-годипна возраст рекле дека остануваат сексуално активни, што е голем скок од 50 проценти во 1970 година.

Причината за скокот на секуална активност? Од истражувањето се дознава дека промените се воглавно заради зголемената достапност до сексуални содржини и полесниот достап до партнери со исти карактеристики кои можат да се пронајдат едни со други. Извештајот открива дека секое второ од три деца во Франција гледале порно филм на 11-годишна возраст; истовремено, 10 проценти од жените и 13 проценти од мажите рекле дека користеле веб страни за да се поврзат со идните партнери. На млада возраст, процентот на жени кои го користат интернетот за да дојде до партнер го надмина тој на мажите.

Но сета оваа зголемена слуденост не мора да значи дека Французите се посреќни и подобро прилагодени на моментот. Скоро 36 проценти од Французинките рекле дека доживеале „честа или повремена“ сексуална дисфункција во последната година од нивниот живот, додека едвај над 21 проценти од Французите го изјавиле истото. Тоа можеби е објаснувањето зошто отприлика 500.000 пациенти во Франција посетуваат советници за секс. Но студијата покажува и дека некои одржани француски митови се всушност без основа, посебно за издржливоста на французските мажи кои заради нивниот поголем сексуален апетит им дава основа повеќе да „швалерисуваат“ наоколу. Излегува дека Французинките го заслужуваат истиот аргумент.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Истражувања: Германците имале подобар секс во време на пандемијата

Ана Ололовска

Веганите имаат двојно повеќе секс од месојадите

Ана Ололовска

В. Британија: Раст на продажбата на машки секс-кукли

Ана Ололовска

Бакнувањето и сексот како лек

Ана Ололовска

Порното е опасно по здравјето

Ана Ололовска