Поттикнете го детето да ја зборува вистината

Од:

Иако лажењето е дел од растењето, родителите најчесто се изненадени кога прв пат ќе откријат дека детето не им ја кажува вистината, дури и кога станува збор за ситни лаги од типот „го испив млекото“, иако всушност го истурило.

Тогаш почнува и трагањето по одговорот на прашањето: како да се воспита детето да ја кажува вистината, дури и доколку тоа значи дека поради тоа ќе биде во неволја.

Новата студија, објавена во списанието „Journal od Experimental Child Psyhology“ ја истражува поврзаноста на тенденцијата на детето да ја признае грешката и лошото однесување и очекуваната реакција на родителите.

Интересно е дека четиригодишните и петгодишните деца ги поврзувале добрите чувства со лажење, бидејќи на тој начин успеале да направат нешто, што инаку не им е дозволено и при тоа да минат без казна.

Тие претпоставиле дека ако ја признаат грешката, нивните родители ќе реагираат негативно.

Кај седумгодишните и деветгодишните деца ситуацијата е поинаква, тие се чувствувале лошо поради лажењето и очекувале позитивна реакција од родителите, ако признаат што навистина сториле.

Истражувачите укажуваат на тоа дека клуч за поттикнување на искреноста кај децата е нивното уверување дека тоа е за нивно добро и дека со тоа ќе предизвикаат позитивна реакција кај родителите.

Тоа секако не значи дека кршењето прозорец и слични работи треба да се наградат, но клучно е на децата наместо да ги казнувате да им кажете колку сте горди што ви ја кажале вистината. На тој начин на детето му го олеснувате прифаќањето на казната и му давате поттик да го развива своето чувство за етика.

Затоа никогаш немојте да бидете строги кон детето затоа што ви ја кажало вистината, туку потрудетете се и вие да бидете целосно искрени кон децата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска