Потрошил 15 милиони евра во Дизниленд

Од:

Саудискиот принц Фахд ал-Сауд потрошил 15 милиони евра на тридневна забава во парискиот Дизниленд, соопшти управата на тематскиот парк.

Сакајќи да го прослави дипломирањето, саудискиот принц го закупил целокупниот парк од 22 до 24 мај и повикал 60 гости.

Во текот на тие три дена, приредени се неколку забави, а целиот простор бил под режим на посебни мерки заради безбедност на принцот кој е познат како еден од редовните гости на паркот.

Иако само минатата година привлече 16 милиони гости, Еуро Дизни уште од отворањето, пред 20 години, не успева да оствари профит.

Од октомври 2012 година, до март оваа година, паркот забележа загуби од 89,1 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Поранешната хрватска манекенка откако доби сурови коментари за својот изглед: Ме изненадија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Познатата пејачка се онесвести на сцената додека настапуваше

А1он

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ