Неделите и месеците кои следат по почетната радост поради раѓањето бебе можат да бидат емотивни и многу нестабилни, а причина за тоа може да биде постпородилната депресија.
Голем број причини можат да доведе до депресија кај мајките по породувањето. Една од причините е високото ниво на хоморни, кое за време на бременоста е високо, а по породувањето опаѓа. Втора причина е соочувањето на жената со фактот дека сега целосно е одговорна за животот на бебето, а тоа е голем товар.
Во поголем број случаи постпородилната депресија се повлекува по неколку недели или месеци по породувањето. Меѓутоа, кај некои мајки, а особено младите жени, депресијата може да достигне и серизоно ниво ако потрае подолго време.
Симптоми на поспородилната депресија се:
– Чувство на раздразливост, тага, безнадежност;
– Незаинтересираност за грижа за бебето;
– Чувство на безвредност или вина;
– Често плачење;
– Недостаток на сексуална желба;
– Ниско ниво на енергија;
– Премалку или премногу спиење или јадење;
– Тешкотии при концентрацијата;
Постпородилната депресија може да влијае на дневна рутина на мајката и да ја попречува грижата за бебето.
Постпородилата депресија се лекува со психотерапијата, како и со лекови.