Постарите деца ги учат помладите

Од:

Во големите семејства најмладите деца можеби не добиваат внимание од родителите колку што треба, но добриот однос со постариот брат или сестра е добра замена, покажуваат резултатите од едно истражување во Канада.

– Што е поголемо семејството детето има посиромашен речник, бидејќи родителите немаат доволно врема да му посветат, изјави Џенифер Џенкинс од Универзитетот во Торонто.

Кога родителите ќе добијат второ дете вниманието што го добива првото е „двојно намалено“, тоа е поизразено во семејствата со повеќе од три деца. За да се утврди дека постарите деца ја пополнуваат „празнината“ истражувачите анализирале 385 деца, кои имаат најмалку четири години постарт брат или сестра. Следејќи ја нивната комуникација, посебно со која брзина и прецизност најмладите членови можат со зборови да ги идентфикуваат објектите на покажаните фотографии. Резултатте покажуваат дека децата од поголемите семејства покажале послаби резултати, посебно ако постарите браќа и сестри немаат богат фонд на зборови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска