Последниот „Форд Мондео“ ќе биде изработен в година

Од:

Европската подружница на „Форд“ одлучи, по 29 години, „да го пензионира“ својот „Форд Мондео“. Тоа значи дека идната година ќе заврши неговото производство.

Автомобилот-наследник на „Сиера“ премиерно беше претставен 1993 година, а по четири генерации и околу пет милиони примероци, „Мондео“ заминува во историјата. Причината е тоа што европскиот огранок на „Форд“ заклучи дека се смениле навиките на купувачите (кои сега претпочитаат теренци).

Актуелното издание на Мондео, кое се нуди во две верзии на каросеријата, се произведува во фабриката на „Форд“ во Валенсија, Шпанија, а последните примероци од производните линии ќе излезат во март следната година.

Не е планиран директен наследник, а алтернативата за „Мондео“ треба да биде кросовер во „пакет“ со караван, чија премиера е планирана за втората половина на година.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on