Порше отвори продажен салон сместен на 2.300 метри надморска височина на планински врв на француските Алпи, а неговата специфичност е тоа што во него има само еден изложбен примерок – Порше Кајен.
Овој поп-ап салон е сместен покрај ресторанот „Рок“ во зимскиот центар Мерибел, а потенцијалните купувачи на услуга имаат продавач кој одговора на сите прашања во врска со моделите на Порше.
Заинтересираните може да закажат и тест возење, но на друга локација.
Инаку, локацијата на која што се наоѓа ова продажно место има температури до -25 степени, додека често дуваат и ветрови до 160 километри на час.