„Порше“ гради нова фабрика за акумулатори во Штутгарт

Од:

Производителот на автомобили „Порше“, со своите деловни партнери, најави производство на високо ефикасни акумулаторни ќелии.

Како што јави ДПА, фабриката за акумулатори ќе се гради во околината на Штутгарт и ќе биде со капацитет од 100 мегават-часови годишно. Тоа значи акумултори за 1.000 автомобили годишно. Производството треба да започне во 2024 година.

„Порше“ поседува 83,75 отсто од акциите во новата заедничка компанија „Селфорс груп“. Остатокот е во сопственост на „Кастомселс“, друштво коешто отпадна од Институтот „Фраунхофер“. Компанијата ќе произведува акумулатори за специфични возила, како што се тркачки и други специјални модели. „Порше“ вложил осумцифрена сума во новиот бизнис, објави автопроизводителот, без да соопшти повеќе детали.

До 2025 година, до 80 лица мора да бидат вработени на производственото место во Тубинген. Повеќе информации се очекуваат на прес-конференцијата најавена за утре.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on