Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Од:

Поранешниот НБА кошаркар, а подоцна и филмски актер Рашид Бирд беше осуден на 90 години затвор за серија сексуални напади во 2015 година.
Бирд, кој беше член на НБА тимовите Лос Анџелес Лејкерс и Сакраменто Кингс, но не одигра ниту една минута во НБА, туку играше само како член на филијалите во развојната Д-лига (денешна НБА Г-лига), беше уапсен во 2020 година од полицискиот оддел на Лос Анџелес (LAPD) откако една од жртвите го обвини за сексуален напад во 2019 година.

Истрагата на LAPD откри дека има многу повеќе жртви отколку што се мислеше, бидејќи Бирд, кој исто така имаше актерска кариера, наводно го користел својот шарм и актерски вештини за да манипулира со бројни жртви.

„Тој најпрво ги шармирал своите жртви нагласувајќи го својот статус на познат спортист и наводна славна личност. Но, тоа брзо ескалирало во насилство и силување“, изјави детективката од ЛАПД, Дара Браун, која го истражуваше случајот.

Полицијата, исто така, јавно им се заблагодари на сите храбри жени кои излегоа со информации кои помогнаа да се стави сексуалниот предатор зад решетки.

„ЛАПД им се заблагодарува на храбрите жени кои ни ги кажаа своите приказни. Иако истрагата траеше неколку години, ние сме благодарни што Бирд повеќе не шета слободно по улиците“, заклучи детективот.

Во 2003 година, Бирд не беше избран на драфтот, а подоцна се обиде да влезе во НБА преку развојната лига.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on