Според најновото истражување, најлош ден за припадничките на понежниот пол е среда, додека понеделник претставува вистинско време за релаксирање.
Во истражувањето на една британска козметичка компанија биле испитани 2.000 луѓе, а дури 60 проценти од жените изјавиле дека се радуваат на почетокот на новата недела, бидејќи конечно ќе се одморат од напорниот викенд, ќе поминат време со партнерот и ќе си се посветат себеси.
Најлош ден за жените е среда, бидејќи тогаш паѓа енергетското ниво, а расте бројот на насобрани обврски на работното место. Како се приближува крајот на работната недела жените почнуваат да се плашат дека нема се да стигнат да ги завршат обврските до сабота и недела, кои најчесто им се исполнети со посети на пријателите и средување на домот.
– Потиштеноста на средината од неделата е вообичаена. Притисокот го создаваат незавршените обврски и времето што брзо поминува, па жените се чувствуваат лошо бидејќи не направиле се во дадениот рок, објаснува психологот Хони Лангкастер-Џејмс.