Помогнете му на детето, кое месечари

Од:

Месечарењето најчесто не е опасна појава и во најголемиот број случаи се јавува во пубертетот, а во подоцнежните години е присутно кај околу четири отсто од луѓето.

Голем број деца, кои одат во сон немаат прецизен одговор, зошто го прават тоа. Има претпоставки дека месечарењето се наследува, трае воглавно неколку месеци или години, а потоа спонтано престанува без каква било терапија. Иако е релативно честа појава кај малите деца, не е знак за некаков емоционален или психолошки проблем.

Може да се избегне, доколку детето се одмори пред спиење со лесна музика и доколку порано отиде во кревет.

Следуваат советите на експертите за тоа што родителите треба да знаат за детето кое месечари:

– Доколку детето го затекнете како оди во сон, не го будете, бидејќи може да се преплаши. Одлучно, но нежно вратете го во кревет и тивко кажете му дека ќе останете со него. Во фазите на месечарење детето воопшто не е свесно за своите постапки. Тоа обично се случува во подлабок сон, во третата и четвртата фаза, кога будењето е поспоро. Доколку се разбуди неколку минути се чувствува поспано и дезориентирано. Децата во принцип најчесто одат во сон по еден или два час, откако ќе заспијат и можат да одат неколку минути, а понекогаш и 20.

– Очите на месечарот се отворени, има „сладок“ поглед и не гледа на ист начин, како кога е буден, често мисли дека е на некое друго место или гледа животни и чудовишта. Неразбирливо зборува, но доколку нешто го прашате не одговара, туку повторува некоја постапка.

– Доколку детето има обичај во такви ситуации да излегува надвор од домот, би требало да се активира ѕвончето на вратата, како предупредувачки сигнал за будење и реагирање. Месечарите најчесто сами се враќаат во креветот, не сеќавајќи се на ноќните излети.

– Доколку е неопходно лекување, се препорачува терапија „будење по распоред“, со помош на која се прекинува циклусот на сонот, за да се прекине месечарењето. Може и да се препише лек, кој се користи кај ноќните стравови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска