Половина од населението на Британија до 2020 година ќе заболи од рак

Од:

Бројот на лицата во Велика Британија кои за време на животот би можеле да заболат од рак, до 2020 година може да нарасне и до половина од населението, пренесе Макфакс.

Бројката проценета на 47 отсто заболени претставува голем притисок врз здравството на Велика Британија. Министерството за здравство бара до 2014/2015 година, годишно да се излечат дополнителни 5.000 пациенти заболени од рак.

Во 1992 година процентот на жители на Велика Британија кои заболеле од рак изнесувал 32 отсто. До 2010 година оваа бројка се зголемила за повеќе од третина и изнесувала 44 отсто.

Од заводот Макмилан тврдат дека оваа бројка ова десетлетие дополнително ќе расне. Меѓу 2020 и 2030 година би изнесувала околу 47 отсто.

За да дојде до овие бројки, заводот се служеше со податоци за зачестеноста од заболување од рак, смртноста од ракот, како и смртноста од секакви причини од цела Велика Британија.

Исто така, заклучено е дека повеќе луѓе успеваат да го преживеат ракот отколку пред 20 години. Во 1992 година ракот го преживеале 21 отсто од заболените, а во 2010 35 отсто. Се предвидува дека овој процент ќе се зголеми на 38 отсто до 2020 година.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство