Половина од Бритнците ќе заболат од некој облик на рак

Од:

Еден од двајца жители на Велика Британија ќе заболат од некој облик на рак во текот на својот живот, покажува најновата анализа на британската агенција „Кансер Рисрч“ од Лондон.

Ваквата песимистичка констатација е добиена врз основа на новите методи на пресметување, со што се менува досегашната прогноза дека еден од тројца Британци може да развијат во својот организам некаков облик на ова тешко заболување.

Според наодите на агенцијата, подолгиот животен век кај луѓето значи дека повеќето од нив порано ќе бидат погодени со ракот.

Новата методологија на пресметување, открива дека дури 54 отсто од мажите и 48 отсто од женската популација во Велика Британија ќе се најдат во групата на заболените.

Водечкиот британски истражувач, професорот на Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, Питер Сасиен, меѓутоа, вели дека ваквата „црна“ прогноза не е неизбежна и дека таа и не мора да се случи.

– Има многу што ние (научниците) и сите заедно, можеме да го направиме за да не се исполнат ваквите проценки, вели професорот Сасиен.

Тој смета дека водењето здрав живот може да ја намали можнста за заболување од рак за 50 до 30 отсто. Сасиен вели дека само откажувањето од пушењето или елиминирањето на гојазноста може многу да помогнат за намалувањето на ракот.

Особено што истражувањето и откривањето на новите методи на лекување и на лекови помогнаа да се зголеми бројот на излекуваните пациенти.

Истражувањето на „Кансер Рисрч“ потврди дека кај жените во Велика Британија најчест е ракот на дојка, но дека се повеќе жени заболуваат и од рак на белите дробови. Кај мажите, пак, ракот во пределот на главата и вратот се поврзуваат со оралниот секс, додека ракот на храноводникот многу често е предизвикан од дебелината.

Би можело да ве интересира

Путин најави вакцина против рак

(ВИДЕО) Филиповска за канцерот: 50 отсто бев излечена во Истанбул, 50 отсто ме излечија во Македонија

А1он

Германска компанија претстави лек против рак: Туморот престанал да расте кај сите пациенти

Предраг Петровиќ

„Приказната продолжува“ за децата кои победиле канцер: Старото училиште во селото Кучково станува Регионален центар за рехабилитација

„Борка“: Да се овозможат навремени прегледи за рано откривање на ракот на дојка

Ана Ололовска

Халк Осигурување АД Скопје втора година по ред ја поддржува кампањата подигнување на свесноста за ракот на дојка

Ана Ололовска